Албанскиот премиер и лидер на владејачката Социјалистичка партија (ПС), Еди Рама, во интервју за албанската државна телевизија искажа подготвеност за соработка со опозицијата.
Рама нагласи дека владејачкото мнозинство и натаму е подготвено за соработка и оти има подготвено договор за соработка, но дека ќе го обелодени за јавноста во септември, кога пратениците се враќаат од одмор и Парламентот почнува со работа.
- Сметам дека соработката е можна, но од друга страна како што гледате и како што гледам целата опозиција е без лидерство, без визија, без стратегија, без програма и чекори без некоја цел, изјави Рама.
Тој сепак го повика лидерот на опозициската Демократска партија (ПД) Љуљзим Баша на соработка.
- Значи и покрај тоа што е добар начин да се создаде искуство и да се научи шахот, Љуљзим Баша зостанува во тоа, додаде Рама.
На ваквите изјави веднаш реагираше Баша, кој преку на Твитер порача дека никогаш нема да коалицира со актуелниот премиер и оти негова главна задача е смена на Рама од власта.
- Никогаш! Коалиција со Еди Рама никогаш нема да има! Моја задача, на Демократската партија, е смена на Еди Рама од власта и негово извадење пред лицето на правдата заедно со... сите политичари поврзани со криминалот, напиша Баша на Твитер.