Српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди денеска дека изборите за Националните совети на малцинствата во Србија, меѓу кои и на македонското малцинство ќе бидат распишани на 4 ноември.
Ружиќ гостувајќи на РТС ги повика припадниците на националните малцинства нацреме да се информираат за постапката за упис во посебниот избирачки список, за да го искористат правото да учествуваат на изборите за свој национален совет.
Тој посочи дека изборите ќе бидат распишани кон средината на овој месец.
Националните совети во Србија, меѓу кои е и Македонскиот национален совет, е институција преку која националните малцинства во Србија ја остваруваат својата загарантирана самоуправа во образованието, културата, информирањето, употребата на јазикот и писмото, но не и во политиката, изјави Ружиќ.
Тринаесет отсто од популацијата во Србија ја сочинуваат припадниците на националните малцинства, што е реткост во земјите од регионот, и за што Србија се гордее, вели Ружиќ.
- Ние таа традиција ја негуваме и во многу ставки сме над европските стандарди кога се во прашање припадниците на националните малцинства. Станува збор за позитивна дискриминација при вработувањето, образованието и слични погодности, наведе министерот Ружиќ.
Како што посочи, наесен ќе се гласа за 21 совет на националните малцинства.
Припадниците на македонското национално малцинство, доколку сакаат да учествуваат на изборите за националните совети, на доброволна база треба да се запишат во општините во Србија во посебниот избирачки список за малцинствата, со што стекнуваат право да учествуват во избирачкиот процес, да избираат или да бидат избрани за членови на својот национален совет.
- Непосредни избори ќе има доколку се запишат повеѓе од 40% гласачи, запишани во посебниот бирачки список. Доколку не се запишат, тогаш преставниците се бираат посредно, преку електорско собрание, појасни Ружиќ, додавајќи дека кампањата ќе се одвива како и за сите други избори, но имајќи го во предвид делокругот на работата на советите.
Советите на националните малцинства, вели Ружоќ, се задолжени да се грижат за културата, образованието и медиумите на јазиците на националните малцинства, а не со политиката.
Националните совети се финансираат од буџетот на државата, од автономната покраина и единиците на локалната самоуправа и како и останатите организации кои се носители на јавни овластувања, важно е да работат и средствата да ги трошат транспарентно.
Во Србија според последниот попис од 2011 година, бројот на Македонците опаѓа, или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.
Според неофицијалните проценки, во Србија живеат над 100.000 Македонци.