Постојат многу интересни факти за технологијата, кои луѓето веројатно не ги знаат. Овие се некои од нив:

- Во просек, секоја секунда на еBay се вршат трансакции во вредност од 680 долари.

- Дури 91 отсто од возрасната популација го чува својот мобилен на дофат секој час и секој ден.

- Секоја минута, 100 часови видеа се прикачуваат на ЈуТјуб од различни корисници.

- Првото лого на Епл беше со Исак Њутн како седи под дрво, од кое паѓа јаболко.

- Еден просечен корисник на компјутер трепка седум пати во минута, додека вообичаено тоа треба да биде 20 пати.

- Првиот видео плеер, изработен во 1956 година, имаше големина колку едно пијано.

- Првиот аларм можеше да ѕвони само во четири часот наутро.

- На радиото му требаа 38 години за да достигне 50 милиони слушатели, додека на телевизијата значително помалку, 13 години.

- Оние кои беа фотографирани со првиот фотоапарат морале да седат мирни осум часа.

- Генерално, луѓето читаат за 10 отсто побавно од екран отколку од хартија.

- Дури 86 проценти од луѓето се обидуваат да приклучат УСБ наопаку.

- Од 2008 година досега, видео игрите се повеќе продавани од ДВД-та.

- Првиот домеин www.symbolics.com беше регистриран на 15 март 1985 година.

- Деведесет отсто од текстуалните пораки се читаат во првите три минути од примањето.

- Првиот персонален компјутер беше создаден од Berkeley Enterprises. Неговото име беше „Сајмон“ и се продал по цена од 300 долари во 1950 година.

- Првиот „глушец“(маус) го измисли Даглас Енгелбарт во 1963 година. Се состоел од цврст дрвен оклоп со две метални тркалца.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 15:22