Изградбата на патот покрај манастирот Високи Дечани и немањето резултати во истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, се причина за загриженост во Косово.

На тоа предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, истовремено поздравувајќи го продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија.

Шефот на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот за настаните во Косово од средината на април до средината на јули, рече дека е загрижен за намерата да се изгради пат во заштитената зона околу манастирот Високи Дечани, повикувајќи ги локалните власти да ги почитуваат законите и одлуките според кои е забранета изградба, јави РТС.

- Забележувам се поголема загриженост оти убиството на Оливер Ивановиќ и по шест месеци не е решено. Ги повикувам властите во Косово да ја интензивираат истрагата и да ги искористат сите достапни канали кои можат да им помогнат, рече Гутереш.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 16:33