Лидерот на Народната странка (НС) Вук Јеремиќ, изјави денес дека опозицискиот Сојуз за Србија ќе биде формиран на почетокот од септември и дека првиот голем предизвик со кој ќе се соочи е Косово, бидејќи владејачката Српска напредна странка (СНС) се подготвува да потпише катастрофален договор со кој на Приштина ќе и се овозможи да стане членка на ОН .

"За да работата биде полоша, на преговарачката маса е размена на територијата, односно прекрјување на границите, според која Прешевската долина ќе припадне на самопрогласеното Косово , кое покрај останатото ќе стане и членка на ООН“ изјави Јеремиќ на телевизијата Н1.

„Непостои држава која е подготвена да ја промени својата граница во мир. Тоа е многу опасен преседан, бидејќи утре некој ќе побара некоја друга промена на границите - на пример во Санџак или кој знае каде ", рече Јеремиќ.

Говорејќи за највената коалиција на опозициони партии-Сојузот за Србија, тој посочи дека„ не станува збор за антиевропска конзервативна коалиција, како што некои сметаат“, и нагласи дека Народна странка не е против Европа, туку е за "градење на општество во Србија кое би изгледало онака како денес изгледаат модерните европски општества".

Одговарајќи на прашањето дали Сојузот за Србија е за зачленувањето во ЕУ, Јеремиќ рече дека тие се залагаат за изградба на институции и дека државата треба да ги достигне европските стандарди.

"Што се однесува до членството во ЕУ, после последните настапи на претседателот (Емануел) Макрон, тоа очигледно не е можно во наредните десет години. Зошто сега ние треба да се делиме на оние кои се за и против членството во ЕУ кога не е на маса", изјави Јеремиќ.

Тој најави дека првиот разговор на основачите на Сојузот за Србија со граѓаните ќе се одржи вечерва во Шабац и дека во текот на август опозицискиот блок ќе одржи трибини во повеќе градови во Србија.


Јеремиќ: Со Косово се разговара за размена на територии и прекројување на граници

Иницијатива на опозиционите партии „Сојузот за Србија“ веќе ја објави програмата за обединување, покрената од Драган Џилас, а засега неа ја подржаа Демократска партија (Зоран Лутовац), Народната партија (Вук Јеремиќ), Левица на Србија (Борко Стефановиќ), Здрава Србија (Милан Стаматовиќ), Заедно за Србија (Небојша Зеленовиќ), Синдикатот Слога (Жељко Веселиновиќ) ; ДВЕРИ (Бошко Обрадовиќ), а се очека да се приклучи и Демократската партија на Србија (Милош Јовановиќ).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:31