Сараевската полиција вчера и денеска уапси пет лица, кои се товарат за напад на мигранти и грабеж, кој го извеле така што исценирале полициска заседа.

Четири мажи и една жена се приведени откако било пријавено дека неколку вооружени лица, облкечени во униформи слични на полициските, во ноќта меѓу понеделник и вторник во близина на Сараево запреле комби, во кое биле илегални имигранти.

На мигрантите им се заканиле со насилство, а потоа ги натерале да им ги дадат сите пари кои ги имале, како и мобилните телефони. Утврдено е дека на тој начин им одзеле на мигрантите околу 6.500 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 20:32