Јуниорската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Чешка со 63:70 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б-дивизија, што се одржува во Скопје.

За избраниците на селекторот Панче Милевски ова е четврт пораз, откако претходно беа совладани од Холандија, Луксембург и Израел, а остварија само една победа против Исланд.

Чешките кошаркари од почетокот воспоставија контрола над теренот и имаа резултатска предност која ја одржуваа во текот на целиот натпревар. Покрај обидите на македонските кошаркари да ја намалат предноста, која во добар дел од натпреварот беше и двоцифрена, сепак не усеаа да се консолидираат во клучните моменти и да направат резултатски пресврт.

Кирил Панов со 27 поени и шест скока беше најефикасен во македонската репрезентација.

Македонија ќе продолжи да се натпреварува во групата за најлош пласман (17-24 место) и ќе се обиде да го избегне последното место, а прв противник в петок ќе ни биде Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 23:23