Противпожарната служба на Грција синоќа соопшти дека се идентификувани телата на 81 жртва на шумските пожари, кои беснеаа во близина на Атина минатата недела.

Четири жртви починаа во болница, а едно лице се уште се води за исчезнато, соопшти противпожарната служба.

Над 90 лица изгореа и десетици други беа повредени кога се обидоа да избегаат од огнот во градот Мати, источно од Атина, на 23 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 16:53