Две жени се полесно повредени кога еден патнички воз утрово излетал од шини во централна Грција, објави грчката државната новинска агенција АНА-МПА.

Возот, кој сообраќал од градот Лианоклади за Стилида, удрил во ѕидот на локалната железничка зграда, додека влегувал во железничката станица во Лариса.

Првичните извештаи укажуваат на тоа дека железничките пруги во станицата биле променети, со што се префрлила насоката на возот.

Една од повредените жени, која била вработена во грчката железничка компанија ОСЕ, била приклештена во внатрешноста на вагонот и во нејзиното спасување интервенирала и противпожарната служба.

И двете повредени жени биле хоспитализирани.

Не е јасно колку патници имало во возот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 11:48