Естрадните менаџери во Србија се први на списокот за плаќање даноци и должни се до понеделник да достават договори за своите приходи, објави даночната управа на Србија.

- По основа естрадни програми за забавна и народна музика и други забавни програми, должни се да достават пријава и известување до 5-ти во месецот за договори склучени во претходниот период, порачуваат од даночната управа.

Со оглед на тоа дека 5 август е недела, крајниот рок ќе биде понеделник - 6 август.

Познатите менаџери кои работат на естрадата со години и имаат свои фирми преку кои регуларно плаќаат данок се согласни дека овој сектор треба да се „прочешла“ за да се запре трендот на „плаќање на рака“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 11:59