Грчкиот премиер ја прифати оставката на надлежниот министер за цивилна заштита на денешната нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Тоскас повторно понудил да си замине од позицијата, а овој пат Алексис Ципрас ја прифатил неговата одлука.
Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му се заблагодарил на Тоскас за соработката во изминатите години, а надлежностите министер за цивилна заштита ги презема министерот за внатрешни работи, Панос Скурлетис.
Минатиот четврток, како што тогаш објави МИА, на вонредната прес- конференција во Министерството за цивилна заштита, Тоскас откри дека следниот ден по катастрофалните пожари му ја понудил неговата оставка на Ципрас, но грчкиот премиер, тогаш, не ја прифатил.