Љубителите на светски познатата серија „Игра на престолите“, барем оние поситуираните не мора веќе само да фантазираат да станат дел од неа... Имено, Госфардовиот замок во Северна Ирска е ставен на продажба, а почетната цена е 656.452 долари.
Замокот е поевтин од просечен стан во Менхетн, чијашто цена се движи околу 916.000 долари.
Најголемиот замок во Северна Ирска послужи како илустрација на домот на семејството Тарли во серијата. Зданието во неоромански стил го дизајнирал архитектот Томас Хопер во 19 век. До 1921 година им припаѓал на грофовите од Госфард. Во Втората светска војна, замокот бил сместувалиште за антифашистичките трупи и затвор за заробениците.
Последниот сопственик го преуредил во комплекс од повеќе луксузни станбени единици.