Во Септември во Србија ќе се одржи состанок на мешовитата комисија за сукцесија на поранешната СФРЈ од Анексот А кој се однесува на над 80 % од движниот и недвижен имот на поранешната Југословенска народна армија (ЈНА).

РТ Војводина, повикувајќи се на Слободна Далмација, наведува дека на состанок кој би требало да се одржи во септември во Србија, официјален Белград ќе ги повика преставниците на сите држави од екс-Југославија, како и дека е во тек процесот на извествање на државите наследнички преку Министерството за надворешни работи на Србија.

Ова ќе биде, за прв пат да се одржи ваков состанок кој се однесува на движниот и недвижниот имотот на поранешна ЈНА, информираат медиумите.

Според нив, Србија е логичен домаќин на состанокот од неколку аспекти: поради присвојувањето на најмногу имот од поранешната ЈНА, како и поради фактот дека архивите со пописите за ова се наоѓаат во Белград, врз основа на кои треба да се направи проценка на актуелната вредност.

Хрватска веќе има направено независна проценката на крупните делбени ставки од овој имот, врз база на детална реконструкција на целосниот систем на поранешната ЈНА, нејзините родови, некретнини, покретниот имот, оружјето, орудијата и техниката.

Билансот на вкупната вредност се движи околу 70 милијарди долари, од кои Хрватска побарува над 10 милијарди долари.

Две милијарди долари Хрватска и должи на Црна Гора, а околу осум милијарди е долгот кон Србија, наведува овој медиум.

И покрај потпишаниот договор за сукцесија, од распадот на СФРЈ поминати се 27 години, а имотот на поранешната заедничка држава сеуште не е распределен меѓу државите наследнички.

Досега најповеќе е постигната согласност за поделба на дипломатско-конзуларниот имот, поточно за некретнините во кои беа сместени амбасадите на СФРЈ, додека по сите останати ставки од наследството- за златото и финасиите, архивската граѓа, приватната и заедничката сопственост-поделбата едвај да е започната-пишува сплитскиот весник.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 13:16