Министерот во косовската Влада Рустем Бериша изјави дека 51 српски припадник на Косовските безбедносни сили од српска националност сакаат да ја напуштат таа организација, и таа цифра сведочи дека расте бројот на такви барања.

Во изјава за косовски медиуми, портпаролот на КБС, Ибрахим Шаља ја потврди таа изјава на својот шеф.

– Може да ја потврдам таа изјава на министерот дека 51 припадник од српска националност сака да ги напушти КБС. Но, како информативна канцеларија велиме дека бројот на српски припадници кои поднеле барање на КБС е околу 50, изјави тој, пренесе Танјуг. Шаља вели дека засега не е донесена никаква одлука за тие барања.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 13:25