Бројот на жртвите од пожарите во источниот ден на областа Атика, од ден на ден се зголемува. По 55-годишната жена, која утрово почина, уште едно лице, 85-годишен маж, им подлегна на повредите во една од атинските болници. Со тоа бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите достигна до 90 лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според најновото соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси две седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа шест луѓе.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници се лекуваат 37 повредени лица, од кои седум се во сериозна состојба, додека пак хоспитализирано е и едно дете, но е вон животна опасност.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2018 13:42