Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе.

Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Во соопштението минатонеделниот пожар во Мати не се споменува директно.

Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 09:50