Ситуацијата кај браната Газивода е мирна и под контрола, соопшти синоќа КФОР.

Меѓународната мисија истовремено истакна дека КФОР е тука да ги заштити сите граѓани на Косово.

КФОР повтори дека нема блокада кај браната Газивода и оти не ја преземале контролата над браната, ниту над хидроелектраната.

Во соопштението КФОР потенцира дека ја извршува својата нормална должност во согласност со мандатот врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 10:15