Срцев удар преживеал познатиот грчки композитор Микис Теодоракис во петокот кусо пред полноќ.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчките медиуми, тој бил итно хоспитализиран, примен во одделот за интензивна нега, каде што останал само неколку часа.
Од саботата напладне е во добра состојба и вон животна опасност.