Полицијата во американската сојузна држава Ново Мексико спаси 11 прегладнети деца, кои живееле во напуштен објект во пустина

Децата на возраст од една до 15 години немале чевли, носеле крпи и „изгледале како бегалци од земјите од третиот свет", соопшти Канцеларијата на локалниот шериф.

На самото место имало и петмина возрасни, од кои двајца мажи биле вооружени.

Полицијата го пребара објектот откако доби порака: „Ние сме гладни, ни треба храна и вода".

Сè уште не е познато како групата завршила во објект на Амалија.

Полицијата го опиша објектот како мала подземна приколка, покриена со пластика, без вода и електрична енергија.

Шерифот на округот Таос, Џери Хогреф, за Еј-Би-Си Њуз изјави дека децата се гладни, жедни и валкани.

- Полицаец сум веќе 30 години. Никогаш не сум видел такво нешто. Тоа е неверојатно, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 10:32