Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН.

- Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што ќе донесе признавање на Косово и место во ОН. Тоа е наша заедничка агенда со САД и со ЕУ. Нема да има никаква поделба на Косово. Нема да разговараме за тоа прашање. Косово ќе влезе во ОН, во НАТО и во ЕУ со гаранции за својата независност, изјави Весели за Коха Диторе.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 10:49