Учеството на израелските авиони во одбележувањето на операцијата Бура во Книн нема политички елементи и е само во врска со договорот со кој Хрватска ги купи авионите Ф-16 од Израел, соопшти израелската амбасада во Белград.

- Хрватска купи авиони Ф-16 од Израел, а нивното учество е само во врска со тој договор за продажба, нема политички елементи или има никаква врска со историските односи меѓу Србија и Хрватска, се вели во соопштението, по повод актуелните настани за време на прославата на Операцијата „Бура" во Книн и учеството на израелската делегација.

Како што се додава, Израел многу го цени пријателството со Србија и нема промени во израелската политика кон Србија, како што беше потврдено со официјалната посета на претседателот пред две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 11:39