Кинеските власти забранија дистрибуција на новиот игран филм на Дизни „Кристофер Робин, каде си?“ за познатото мече Вини пу, пренесува Би-Би-Си.

Со тоа Пекинг ја продолжи борбата против малото жолто мече, а сето тоа поради наводната сличност со претседателот Си Џинпинг.

Кинеските власти не објаснија зошто најновиот филм на Дизни е несоодветен за тамошната публика, но Би-Би-Си наведува дека се претпоставува оти тоа е дел од националната кампања против Вини пу, откако на социјалните мрежи се појавија пораки во кои се истакнува сличноста на анимираниот јунак со кинескиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 12:07