Жешка есен е пред претставниците на властите во Белград, но и за приштинските. Како решението влегува во завршна фаза, претседателот на Србија го чека дипломатска офанзива во целиот септември. На почетокот од месецот прво ќе замине во Косово каде ќе разговара со Србите. Дотогаш најмалку уште еднаш ќе разговара со нивните претставници.

– Вучиќ ќе се обрати на Србите во Покраината, ќе ги поддржи, сослуша со какви проблеми се соочуваат, имаат ли безбедносни закани и ќе понуди дополнителна помош, вели извор на „Блиц“ од власта.

Во средината на месецот претседателот ќе биде на економски форум во Кина.

– Во прв план ќе бидат економските теми, но бидејќи Кина е еден од нашите најважни меѓународни партнери кога станува збор за Косово, секако тоа ќе биде можност Кинезите да потврдат поддршка во Советот за безбедност за тоа прашање, вели изворот.

Вучиќ ќе има неколку денови да пренесе пораки од Кина за соработниците бидејќи го чека пат за Њујорк на седница на СБ на ОН.

- Претседателот ќе биде во Њујорк од 24 до 28 септември каде ќе зборува на седница на СБ на ОН, вели нашиот соговорник.

Посетата на САД ќе се искористи и за контакти со луѓе од администрацијата на Трамп. Како што вели нашиот извор, тие контакти постојат цело време.

- Вучиќ цело време има состаноци со луѓе од американската администрација, и станува збор за воглавно неофицијални контакти. Охрабрува фактот дека САД првпат попуштаат и покажуваат интересирање да сослушаат ставови на Србија, вели соговорникот.

Се очекува по летната пауза да продолжи и дијалогот Белград – Приштина под покровителство на ЕУ, но не е познат точниот датум за одржување на првата следна рунда. Поради пасивната улога на ЕУ двете страни сакаат во преговорите и конечното решение, да се вклучат САД и Русија.

Најголем приговор на нашата страна е што Приштина речиси 2.000 денови откако презема обврска за формирање на ЗСО за тоа прашање не направи ништо.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 12:08