Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и да не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем.
- Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ.
Тој потсети дека Белград ги има исполнето сите обврски од Бриселскиот договор, а да Приштина се уште ја нема формирано Заедницата на српски општини.
Вучиќ изјави дека постојат две множности Србите тоа сами да го направат, против што нема разумни аргументи, „но постои опасност од еднострана реакција на Приштина, што многумина во светот едвај би го дочекале, бидејќи тоа би бил вовед за конечна пресметка на Приштина со северно Косово,да покрај договорот со НАТО влезат и ја превземат контролата над вителните ресусрси.“
Затоа, посочи Вучиќ, негов совет до косовските срби е дека „Србија го бира моментот за постапките кои сака да ги повлече, во рамки на нејзините интереси“, соработувајќи со Српската листа од Косово за остварување на српските права.
- Ќе продолжиме да се бориме, со цел да добијеме најповеќе што можеме,а да изгубиме најмалку што мораме, констатираше Вучиќ, додавајќи дека ќе инсистира на формирањето на ЗСО.
Српскиот претседател напомена дека од осбено значење за Србија е и прашањето за имотот на Косово и тоа имотот за правните лица, за СПЦ, за стопанските субјекти и општествениот имот на Србија во Косово.
- Доколку се приближиме до некое решение, во што се сомневам, отворно ќе говорам и ќе излезам и лично ќе дадам се од себе да ги сносам сите консеквенци, кажа Вучиќ, додавајќи дека „во септември пред Србија постојат многу тешкотии, но сакам на граѓаните да им порачам да не се грижат, бидејќи нема да има никакви тајни одлуки, ниту решенија“.
Тој потсети дека дошол до обид за постигнување на компромисното решение за Косово, но доживеал многу навреди, бидејќи сватил дека малку луѓе тоа го сака и истото предизвикало поделби во Србија.
На прес конференцијата, Вучиќ кажа дека народот ќе ја даде конечната одлука „доколку можеме да дојдеме до какво-такво решение за Косово“.
Тој додаде дека во случај да се дојде до компромисно решение за Косово, прашањето на референдумот нема да биде „дали сте за влез во ЕУ заедно со договорот со Приштина“, туку јасно ќе се изјаснат за потенцијалниот договор до кој, како што кажа „можеби еден ден ќе дојдеме“.