Македонската женска кошаркарска репрезентација следните три дена ќе учествува на меѓународен турнир во кадетска конкуренција. Избраничките на селекторот Стојна Вангеловска ќе разигруават во Скопје против соодветните репрезентации на Бугарија, Словенија и на Израел.

Натпреварите ќе се одиграат во Скопје, во малата сала на Кале. Влезот ќе биде бесплатен.

Следен предизвик за Македонија ќе биде Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра од 16 до 25 август во Црна Гора.

Во рамки на досегашните подготовки за овој шампионат, македонските кадетки запишаа четири победи од вкупно четири пријателски натпревари, по две против Косово и Швајцарија.

Во првиот дуел на пријателскиот турнир во Скопје, Македонија утре ќе игра со Бугарија, в четврток против Израел, а во петок со Словенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2018 14:10