Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, денеска е во посета на албанскиот приморски град Валона,во чии рамки предвидени се повеќе активности.

Харадинај оствари средба со градоначалникот Дритан Лели,на која присуствуваше и министерот за дијаспора, Пандели Мајко.

Лели,му подари плакета со ликот на Исмаил Ќемали првиот албански премиер кој на 28 ноември 1912 година го подигна албанското знаме и ја прогласи незвисноста на Албанија.

Харадинај, во текот на денов ќе го посети и плоштадот на знамето и ќе положи свежо цвеќе на гробот на Ќемали.Ќе ги посети и историскиот и музејот на независноста.

Според објавената агенда нема најави за средба со албански високи државни личности.

Во 2012 година Харадинј е прогласен за почесен граѓанин на Валона,признание кое на организираната свеченост и беше врачено на неговата сопруга, поради тоа што Харадинај во тоа време беше во затворот во Хаг.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:31