Францускиот кошаркар Тони Паркер се збогуваше со навивачите на Сан Антонио, клуб за кој настапуваше изминатите 17 години.

- Благодарам, Сан Антонио! Тоа беше мојата најдобра работа на планетата. Вклучувајќи ги и фановите кои секогаш беа на моја страна. Само Сан Антонио можам да го викам мојот вистински дом, напиша Паркер, на социјалните мрежи. зс

36-годишниот НБА играч кој потпиша договор со Шарлот, со клубот од Тексас освои шампионски прстен во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

За време на 17-годишниот престој во Сан Антонио, Паркер во НБА лигата оствари просек од 15,8 поени по натпревар.

Во Шарлот се обврза на договор од 1+1 година за сума од 10 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:41