Нов генерален спонзор на ФК Работнички е најголемата софтверска компанија, „Сеавус“.

Претседателот на клубот Драган Поповски, изрази големо задоволство од новиот партнер на „романтичарите“.

- Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме да направиме многу за нашиот клуб. Нашата стратегија останува иста, максимална поддршка и развој на младинската фудбалска академија, како и аспирации за освојување на трофеи во сениорска конкуренција, вели Попoвски во изјава за клупскиот сајт.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:55