Во 2019 година, сепак ќе се оствари планот на Зоолошка градина Скопје, за првпат да бидат донесени пингвини. Најавената атракција би требало да биде реализирана на пролет.

Скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето беше стопирано, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено навреме:

„Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и несмееме да дозволиме она што го очекуваатдецата и што е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет“– соопштува Галетановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 13:55