Ако сте навистина опседнати со правењето селфи фотографии, тешко селфи-стикот веројатно нема да Ви биде доволен, туку Ви треба нешто понапредно - а тоа е „ЕрСелфи 2“ (AirSelfie 2).

Уредот претставува мало безпилотно летало (дрон) со џебни димензии, придвижуван од четири минијатурни перки. На куќиштето, тој носи 12-мегапикселна камера со 85 степении агол на гледање за слики и видео во ФулХД резолуција, а батеријата со капацитет од 400 милиампер часови му овозможува до пет минути лет.

Во куќиштето има уште 16 гигабајти вградена меморија, што е доволно за неколку фотосесии. Опсегот на далечинското управување преку апликација за Андроид и ајОС е околу 18 метри. Сето ова е сместено во уред со тежина помал од 85 грама и со големина на обичен паметен телефон.

„ЕрСелфи 2“ е конструиран од алуминиум и се продава во црна, сребрена, златна и розово-златна боја - што значи дека најверојатно можете да го купите во иста боја како вашиот телефон.

Цената на уредот е околу 200 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 18:59