Признат статус на Српската православна црква на Косово, како и неограничен период да се задржи правниот режим за 44 објекти, што претставуваат специфична зона на српската култура и верско наследство, ќе се најдат меѓу клучните барања на Белград во текот на дијалогот за сеопфатно решение за нормализација на односите со Приштина, пишува „Вечерњи новости“.
Освен тоа, весникот, повикувајќи се на извори од врвот на власта, наведува дека српската страна ќе бара во заштитената зона да влезат уште николку културни добра и храмови на СПЦ, како и на СПЦ да и се овозможи да има право на располагање со својот движен и недвижен имот.
Во специјалната заштитена зона на српското наследство спаѓаат манастирите Високи Дечани, Грачаница, Печка патријаршија, кои се под заштита на УНЕСКО, но и други храмови во Гнилане, Штрпце, Србица, Клинa, Ораховац...
Тука спаѓаат и средновековниот мостот Војновиќ во Вучитрн, споменикот Газиместан, тврдината Звечан, средновековниот град Ново Брдо, селото Велика Хоча, пишуваат „Новости“.