Од почетокот на летото, две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Од оние кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот, кој во Грција се појавува од крајот на мај- почетокот на јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 11:59