Се залагам за разграничување со Албанците, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми, изјави тој денеска во Шид.
– Тој вели дека се залага за разграничување и тоа не го крие.
– Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците, изјави Вучиќ.
Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас“.
– За танго се потребни двајца, нагласи тој.
Вучиќ додаде дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно ниту упропастено.