Косовскиот претседател Хаимо Тачи за член на Уставниот суд на Косово го именуваше Радомир Лабан, кој во Србија е осуден за корупција.

Како што јави Танјуг, Лабан, кој ја напушти Србија со цел да избегне отслужување на затвроска казна, е именуван како еден од деветмината судии во косовскиот Уставен суд и тоа на местото предвидено за претставник на малцинските заедници во Косово.

Лабан стана за член на Судот на предлог на српските пратеници во косовското Собрание, кое во мај годинава го одобри неговото именување, но Тачи досега не ја одобруваше неговата номинација, бидејќи опозицијата и правосудното надзорно тело бараа претходно да се извршат сите безбедносни проверки.

Судот во Краљево во 2011 година го осуди Лабан на шест години затвор под обвинение за корупција, за дела извршени додека бил вработен во српската Царина. Во шестгодиншата казна му се вклучени и трите години минати во притвор од 2006 до 2009 година, додека го чекаше судењето. До правосилноста на пресудата тој беше ослободен од притвор, по што побегна во Косово.

По бегството на Лабан, Судот распиша меѓународна потреница за негово апсење и екстрадиција во Србија. Извори во српската полиција потврдуваат дека по Лабан и натаму е активна распишаната црвена потерница на Интерпол.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2018 20:36