Речиси два милиона граѓани ја посетија продавницата на Икеа во Србија за една година откако е отворена, соопшти денеска компанијата.

Меѓу најпродаваните производи на Икеа во Србија се издвојуваат еколошко ефикасните ЛЕД светилки, од кои се продадени 206.140 парчиња.

На тој начин граѓаните на Србија, како што наведуваат од компанијата, заштедиле 46.870.305 киловат часови.

Во продавницата на Икеа, во местото Бубањ поток, во близина на Белград, која беше отворена на денешен ден минатата година на површина од 35.000 метри квадратни, се вложени 70 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 12:40