Три недели откако беше префрлен во Торонто, Каваи Ленард пушти специјално соопштение во кое тој им се заблагодари на Сан Антонио и на тренерот Грег Поповиќ. Крилото одигра само девет натпревари за „Спарси“ минатата кампања и откако влезе во конфликт со тимот побара да го напушти, откако беше разменет заедно со Дани Грин, за ДеМар ДеРозан и Јакоб Полтел. - Сан Антонио, во последниве недели размислував внимателно што да кажам и на крајот сé се сведува на два едноставни збора - ВИ БЛАГОДАРАМ! Благодарен сум на секој од моите соиграчи. Поп, јас секогаш ќе бидам благодарен за мојот развој под твое водство. Благодарен сум и на навивачите кои се најстрасните и најпосветените. Јас секогаш ќе се сеќавам на градот и на луѓето од Сан Антонио, пишува Ленард. Постои веројатност двократниот најдобар дефанзивец во Лигата да стане слободен агент догодина и да премине во Л.А. Лејкерс, но сепак не треба да се заборава примерот со Пол Џорџ, за кого се сметаше дека ќе го стори истото, а на крајот продолжи со Оклахома Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 15:22