Едно лице кое се здобило со изгореници при минатомесечниот голем пожар во грчкиот регион Атика им подлегна на повредите, со што бројот на жртвите од огнената стихија се искачи на 94.

Според податоците на медицинските служби, досега в болница на здобиените повреди при пожарот им подлегнале 11 лица, а над 30 и натаму се хоспитализирани.

Минатата недела грчкиот Генерален секретаријат за цивилна заштита објави листа на 92 загинати во пожарот од 23 и 24 јули, меѓу кои најмладата жртва е шестмесечно бебе, а највозрасната е 93-годишна жена.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2018 16:01