Македонската кошаркарска репрезентација запиша уште една победа, втора во низа, на Европското првенство Дивизија Б за играчи до 16 години кое се одржува во босанската престолнина Сараево.

„Црвено-жолтите“ по поразот од силната Русија и победата над Белгија, во рамки на 3. коло славеа против Словачка. Словаците беа рамноправен противник во три периоди, но во вториот успеаја да реализираат само еден поен наспроти нашите 22 поени. Високата предноста остана на крајот и Македонија победи со 76:53.

На шампионатот денеска е ден за одмор, а следен противник на македонските кадети е соодветната селекција на Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2018 11:37