Двајца мигранти се пронајдени мртви денеска во шума во реонот на хрватскиот град Карловац.

Полицијата соопшти дека по добиена информација од граѓани во шумата пронашла 12 мигранти, од кои двајца биле мртви. Полицијата ја претресува околината и започна истрага за откривање на причината за смртта на двете лица.

Според неофицијални информации, веројатно станува збор за несреќен случај. Местото, каде што е откриена групата, е тешко пристапно, и претставува проблем за истрагата.

Во изминатиот период е забележан зголемен број на нелегални мигранти, кои минуваат преку Карловац од БиХ кон европските земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2018 16:28