Владата на Хрватска спроведува „историска модернизација на хрватската војска“, изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ, нагласувајќи дека следната година Хрватска ќе достигне издвојување од 2 отсто од БДП за одбрана и 29 отсто за модернизација, како што бараат актуелните стандарди на НАТО.

Анушиќ ова го изјави синоќа на трибината „Безбедносни и геополитички предизвици на светскиот поредок“ во Загреб, нагласувајќи дека Хрватска и Европската Унија мораат да бидат подготвени и со јасен став за прашањата за одбрана и безбедност во услови на криза.

- Безбедноста има своја цена. Мирот не е загарантиран, туку во него треба да се вложува, а Владата и Министерството за одбрана токму тоа го прават преку историска модернизација и опремување на хрватската војска, рече Анушиќ.

Тој додаде дека вложувањето во одбрана е вложување во мир и слобода, и дека новата техника и оружје се набавуваат за да се обезбеди подготвеност за одвраќање на заканите и да се спречи повторување на искуствата од 90-тите години, пренесе ХРТ



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2024 15:09