Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на турнирот во Германија, откако попладнево во последниот меч против Лајпциг загуби со 27:26.
Најефикасен кај „црвено-црните“ беше Тимур Дибиров со осум погодоци.
Од три одиграни натпревари, Вардар го победи Фуксе Берлин со 32:24, а загуби од ХСВ Хамбург со 25:31 и денес од Лајпциг.
Вардар по овој турнир се враќа во Скопје каде ќе тренира до сабота кога заминува за Струга. Таму ќе го игра мечот од Супер Купот на Македонија против Металург.