Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.

Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи на коњи“ на „Fam Fest“ се пласираше и како полуфиналист на „Los Angeles Cinefest“.

„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм кој премиерно беше прикажан минатата година. Досега филмот учествуваше на 20 фестивали во Европа и светот, меѓу кои во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка...



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 11:47