Американскиот кошаркар Роберт Браун е нов играч во составот на гевгелиската екипа Блокотехна.
Станува збор за 26-годишен кошаркар висок 196 сантимери, кој игра на позицијата бек-шутер.
Настапувал во универзитетската кошаркарска лига на САД, но има и двегодишно искуство во Европа. Браун во сезоната 2016/17 година настапуваше за кипарски АПОЕЛ, а минатата сезона ја помина во унгарски Јашберени.