Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година.

- Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе ми биде чест таму да завршам со активно играње фудбал, изјави Пандев.

Целото интервју во кое македонскиот капитен се осврнува на изборот на претседател на ФФМ, репрезентацијата, неговиот клуб Академија Пандев,... МИА ќе го објави претстојниот викенд.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 12:59