Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро.

- Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на стружани.

На три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ е на делба на првата позиција заедно со Шкендија и со Шкупи. Трите екипи имаат по 58 бодови.

Во последните три кола, Струга ќе игра со Гостивар (дома), па со Шкендија (на гости) и на крајот со Шкупи (дома).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2024 21:49