Етно составот „Монистра“ в четврток, на 16 август, ќе одржи целовечерен концерт на просторот околу Градскиот саат во Прилеп.
На концертот, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.
Етно-составот „Монистра“ кој има цел изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија, го сочинуваат: Александар Јовевск - кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски - ударни инструменти.
Концертот е со поддршка на Министерството за култура.