Во Македонскиот народен театар на 24 декември ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Ова е седмиот проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона.

Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa како и децата од Актерската школа на Весна Петрушевска.

Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, како сценограф се потпишува Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери. Изборот на музиката е на Весна Петрушевска, а автор на сонгот „Пепел и мрак" е Игор Џамбазов.

-Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената, се вели во соопштението на МНТ.

Првата реприза е закажана за 25 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2024 15:20