Самсунг отсекогаш имал репутација за компанија која нуди најдобар екран на своите корисници. Најдобар пример во овој поглед се Супер АМОЛЕД панелите, кои се непроменлива карактеристика на смартфоните Галакси. Експертите на „DisplayMate“ успеаја да го добијат Галакси Ноут 9 и спроведоа серија специјализирани тестови со уредот. Крајниот заклучок е дека компанијата повторно ги изненадила, откако го опремила моделот со најдобар дисплеј во паметен телефон кој го виделе досега, информира „Андроид Ауторити“. Уште поимпресивно е тоа што новиот паметен телефон запиша рекордни вредности кај неколку различни показатели, како што се „Absolute Color Accuracy“. На пример, Самсунг Галакси Ноут 9 ја надминува конкуренцијата во смисла на осветленоста и сатурацијата на бои. Според податоците на „DisplayMate“ крајниот резултат на екранот е толку добар, што не можат визуелно да ги разликуваат кадрите од АМОЛЕД дисплејот од теоретскиот максимум. Речиси секој елемент на екранот на Галакси Ноут 9 ги надминува конкурентските производи. Рекордните остварувања на уредот вклучуваат најниски вредности на одраз на животната светлина врз екранот и рејтинг од 239. Во исто време Самсунг Галакси Ноут 9 нуди најдобар сооднос на контрастот, како и за 27 отсто повеќе светлина од претходниот модел, кој веќе достигна до 825 нити. Сите овие податоци значат дека смартфонот ќе се справи совршено со секоја задача, која ќе му поставите и ќе покажува со максимален квалитет видео содржини дури и при директна светлина врз него.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 17:47