NVIDIA ги претстави високо очекуваните хардверски производи со новата графичка технологија „Тјуринг“. Ова е првото сериозно ажурирање од официјалното започнување на „Паскал“ архитектурата во 2016 година. Лично шефот на NVIDIA, Џенсен Хуанг го покажа официјално новиот хардвер кој самиот тој го опиша како „најважната иновација во областа на компјутерската графика по деценија“. Графичките-картички со архитектурата „Тјуринг“ се дизајнирани за гејмерите, како и за авторите на содржини. Многу изненадувања нѐ очекуваат од NVIDIA на претстојната „Гејмском 2018“ конференција, која ќе се одржи меѓу 21 и 25 август, пријави „МаркетВоч“. Премиерата на хардверот со „Тјуринг“ технологијата и уникатниот систем за хибридни пресметки ќе ја промени целосно индустријата и ќе им овозможи создавање на подобар дизајн, пореалистична графика и интерактивни искуства. Новите картички можат да репродуцираат содржината шест пати побрзо во однос на своите „Паскал“ базирани претходници. Компанијата ќе почне да продава три нови понуди во четвртиот квартал. Тоа се НВИДИА Куадро РTX 8000, Куадро РTX 6000 и Куадро РTX 5000. Првата графичка-картичка ќе има 48ГБ РАМ и ќе се продава на пазарот за 10 илјади долари. Во исто време корисниците ќе можат да купат верзија на Куадро РTX 6000 со 24ГБ меморија за 6.300 долари. Најевтиниот модел од серијата ќе биде Куадро РTX 5000 со почетна цена од 2.300 долари. Архитектурата „Тјуринг“ вклучува и „Тенсор Корс“, кои вршат 500 трилиони пресметки во секунда.