Во новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига за првпат ќе има екипа од Романија. Тоа е тимот на поранешниот европски шампион, Стеауа од Букурешт со што лигата останува со десет екипи.
Натпреварувањето во новата сезона ќе нема учесници од Словенија. Ќе се играат повторно 18 кола, а потоа најдобрите ќе разигруваат за титулата на Ф4 турнирот.
Учесници во СЕХА лигата за сезоната 2018/19:
Вардар и Металург од Македонија; ППД Загреб и Нексе од Хрватска; Војводина и Железничар од Србија; Извиѓач од Босна и Херцеговина; Татран Прешов од Словачка; Мешков Брест од Белорусија; Стеауа од Романија.